APIB September 2018


09 October 2018

Предавање: Д-р Ана Стојаноска, театролог „ГЛЕДАЧОТ ВО СОВРЕМЕНИТЕ ИЗВЕДУВАЧКИ УМЕТНОСТИ“/Ana Stojanoska, Ph.D. Writer and Theatre scholar :"THE VIEWER IN CONTEMPORARY PERFORMING ARTS"

Предавањето „Гледачот во современите изведувачки уметности“ е дел од сесијата работилници и предавање и предавање на Ана Стојаноска „ГЛЕДАЧОТ ВО СОВРЕМЕНИТЕ ИЗВЕДУВАЧКИ УМЕТНОСТИ“ како дел од програмата „Уметност::Политика::Институции::Тело“, во организација на Локомотива- Центар за нови иницијативи во уметноста и културата

Како дел од сесијата се предвидени отворено предавање „ ГЛЕДАЧОТ ВО СОВРЕМЕНИТЕ ИЗВЕДУВАЧКИ УМЕТНОСТИ“ – 9 октомври во 19 часот и затворената работилница на 9 октомври 17 часот, наменети за група млади професионалци кои се дел од програмата У.П.И.Т.

Општ вовед во работилниците/предавањето

Современата теорија на рецепција се посветува на гледачот и неговото влијание во перформативните уметности. Бидејќи, вообичаениот простор за следење на една театарска претстава е проширен, а со тоа се проширува и поимањето на театарот, гледачот треба да се адаптира на новите услови, а со самото тоа, да ги адаптира и сопствените очекувања и знаења за современиот театар.

Ова предавање се фокусира на откривањето на позицијата гледач во современите изведувачки уметности. Гледачот како учесник и активен чинител на театарската или поширока изведба е главниот интерес.

1. Кој гледа и како се гледа театарска претстава;
2. Проширеното поле на театарот – Што се е театар денес?
3. Институционален наспроти неинституционален изведбен чин;
4. Промената на просторот значи и промена на начинот на гледање;
5. Конзумирање на изведбата;
6. Едуциран гледач и неговата рецепција;
7. Пишување за претставата;
8. Новинарска, културолошка и/или театролошка рецепција
9. Современите медиуми и односот кон изведбата
10. Медиумското следење на претставата и нејзиното влијание
11. Критика или рецензија или осврт или ....
12. Дали може да се пишува за театар денес и каде?


БИОГРАФИЈА

д-р Ана Стојаноска (1977), писателка, театролог, вонредна професорка на Факултетот за драмски уметности – Скопје. Дипломирала на Филолошки факултет во Скопје, на отсекот за општа и компаративна книжевност (2001). Постдипломските студии по театрологија ги завршила на ФДУ, каде што магистрирала (2003) и докторирала (2007).
Работела како истражувач – координатор во Институтот за театрологија при Факултетот за драмски уметности – Скопје од 2002 г. Учествува на многу симпозиуми и работилници од областа на театрологијата, компаративната книжевност и културологијата.
Автор е на книгите: Јас и Лин, отпосле (роман, Блесок, 2016; за која ја доби наградата Рациново признание, 2017), Димитар Ќостаров – Реалистичката поетика и естетика на еден режисер (монографија, ФДУ, 2014) и Македонски постмодерен театар (монографија, ФДУ, 2006). Приредувач на книгите Драми од Дејан Дуковски (Проартс, 2002) и Современа македонска драма (Микена, 2008). Автор на повеќе студии и есеи објавувани во македонската и странската периодика, како и коавтор на неколку театарски монографии. Исто така, еден е од авторите/составувачи на Поимникот на книжевната теорија (МАНУ, 2007). Коавтор на повеќе театролошки монографии.
Пишува поезија и проза. Автор е на монодрамата Стаклен лампион, праизведена како радиодрама, во продукција на Театра – Скопје, 2013 г.

Локација: Кино Култура
Време: 19:00


________________________________________________


english>>

The lecture „THE SPECTATOR IN CONTEMPORERY PERFORMING ARTS“, 9 October at 19h, is part of the session and lecture by Ana Stojanoska the progin the framework of the program „Art: Politics: Institutions: Body“, organized by LOKOMOTIVA – Centre for New Initiatives in Arts and Culture
As part of the session, will be organised a closed workshop on Oktober 9, intended for a group of young professionals who are part of the program „A.P.I.B.“

General introduction into the Workshops/ Lectures

The Contemporary theory on reception is about the viewer and his impact in the arts of performing. Because, the space in watching one theater performance it’s extended, and with that it’s extending the meaning about the theater, the viewer should adapt of the new conditions, and with that to adapt and it’s own expectations and knowledge for the contemporary theater.
This lecture it’s focused on the uncovering the position of the viewer in the contemporary performing arts. The viewer as the participant and active player of theater performance it’s the main intrest.
1. Who is watching and how you watch theater performance;
2. The expended field of the theater – What is theater today?
3. Institutional against uninstitutional performing act;
4. The change of the space means change of the spectator looks;
5. Consuming the performance;
6. Educated spectator and his reception;
7. Writing about the theater performance;
8. Journalism/cultural and/or theoretical reception
9. The Contemporary mediums and the relation for the performance
10. The monitoring of the mediums for the performance and her impact
11. Critics or review or change or…
12. Can we write about the theater today and where?


BIOGRAPHY

Ana Stojanoska, Ph.D. Writer and Theatre scholar, Associate professor of the Macedonian Drama and Theatre and History of the World Drama and Theatre at the Faculty of Dramatic Arts – Skopje (Macedonia). She has worked as researcher/coordinator at the Institute of Theatrology at the FDA since 2002. She writes prose, poetry and dramas, and has published about 60 articles and essays in academic journals and periodicals. She has participated in many symposiums and workshops and in 10 national and international projects. She is author of the books: Macedonian Postmodern Theatre (FDA, 2006); Dimitar Kostarov, Realistic poetics and aesthetics of a director (FDA, 2014); Lin and I, after (novel, Blesok, 2016, received National Award “Racinovo priznanie”, 2017). She is also the editor of the books: Drami, (2002) the collection of plays by Dejan Dukovski and Contemporary Macedonian Drama (2008), and one of the authors and editor of the chapter Fakti in the monographs Ilija Milčin (2003) and Petre Prličko (2005). She is also one of the authors/contributors of Glossary of literary theory (MANU, 2007). Her monodrama The Glass Lampion was performed as a radio play (Theatra, 2013).


Location: Kino Kultura


Time : 19:00





Comments

Popular posts from this blog

ОТВОРЕН ПОВИК/ OPEN CALL

PLATFORM(a) for contemporary performing arts 2016

Предавање: Бојана Кунст- „Уметничките институции и еднаквоста во собирите“/ "Artistic institutions and the equality of gatherings", Bojana Kunst