APIB May 2018


4 Мај/ 5 Мај Bojana Kunst


ПРЕДАВАЊЕ: "Уметничките институции и еднаквоста во собирите", Бојана Кунст
во рамките на шестото издание на фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО, во организација на Tiiiit! Inc., во соработка со LOKOMOTIVA-Centre for New Initiatives in Arts and Culture

Апстракт за предавањето:

Предавањето се фокусира на нападите врз уметничките институции, претстави, изведувачки фестивали и други уметнички настани, кои се поврзани со порастот на популизмот и национализмот во Европа. Често коинцидираат со криминализацијата на уметниците и реевалуацијата на националните и државните институции. Поврзани се и со серијата мерки на штедење и буџетски скратувања во независниот културен сектор, кои често се користат како серија на преиспитувања и прилагодувања на хиерархиското и популистичкото разбирање на уметноста, со што се засенуваат и осиромашуваат многу уметници и уште повеќе се маргинализира нивната веќе несигурна позиција. Оттука, истиот покровителски и популистички дискурс кој го карактеризира владеењето со граѓаните, важи и кога се набљудува позицијата на уметничките практики и уметничките институции: просторот за плуралност во изразувањето и алтернативните уметнички форми рапидно се стеснува, се случуваат интервенции во однос на разновидноста на културните изрази и општо се напаѓа естетскиот и политичкиот плурализам на јавните собири.

Би сакала да претставам како овие напади резултираат со оневозможување на било какво навестување на институционалната еднаквост на јавните собири и нивна невидливост. Целта е да се избрише инфраструктурната поддршка која е потребна не само за опстанокот на практиките, туку и за континуитетот на автономниот политички и естетски израз.

*

Бојана Кунст е филозоф, драматург и теоретичарка на изведувачки уметности. Директорка е на Институтот за применети театарски студии на Универзитетот Јустус Либиг Гисен, каде што воедно и предава и ја води меѓународната магистерска програма „Кореографија и изведба“. Членка е на уредничкиот одбор на списанието “Мaska”, “Amfiteatr” и “Performance research”. Нејзината последна книга “Artist at Work, Proximity of Art and Capitalism” („Уметникот на работа, близината на уметноста и капитализмот”) е издадена од Zero Books, Винчестер, Лондон (2015).


Локација: KINO Kultura

Време: 19:00


***

Предавањето „Уметничките институции и еднаквоста во собирите“ е дел од програмата „Уметност, Политика, Институции иТело“. За повеќе детали за програмата:

https://artpoliticsinstitutionsbody.blogspot.mk/


ПОвеќе за шестото издание на фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО :

https://www.facebook.com/events/160134238001025/

______________________________________________________

English

LECTURE: "Artistic institutions and the equality of gatherings",

Bojana Kunst

in the frame of the sixth edition of the festival for feminist culture and action "ПРВО ПА ЖЕНСКО in collaboration with LOKOMOTIVA-Centre for New Initiatives in Arts and Culture

Abstract of the lecture

The lecture will be focused on the attacks on the artistic institutions, performances, performance festivals and other artistic events, which are all related to the rise of populism and nationalism in Europe. They often happen together with the criminalization of artists and re-evaluation of the national and state institutions. They are also related to the series of austerity measures and cuts into the non-governmental sector of culture, which are often used as series of re-evaluations and adjustments to the more hierarchical and populist understanding of art, throwing many artistic agents into invisibility and poverty and marginalizing their already precarious situation even more. Therefore, the same paternalistic and populist discourse which characterizes the governing of the citizens, is also at work when observing the position of art practices and art institutions: the space for the plurality of expression and the alternative forms of art is rapidly narrowing down and there are interventions into the multiplicity of cultural expressions and coming together, attacks on the aesthetic and political plurality of gatherings. I would like to show how the common result of various attacks is to disable every hint of institutional equality of gatherings and make such common practices invisible. The goal is to erase the infrastructural support which is needed not only for survival of those practices, but also for the continuity of autonomous political and aesthetic expression.

*

Bojana Kunst is a philosopher, dramaturg, and performance theoretician. She is the director of the Institute for Applied Theater Studies in Justus Liebig University Giessen, where she is also working as a professor and leading an international master program for Choreography and Performance. She is a member of the board of editors of the magazines: “Maska”, “Amfiteater” and “Performance Research”. Her last book is “Artist at Work, Proximity of Art and Capitalism” that was published by Zero Books, Winchester, London, 2015.

Location: KINO Kultura

Time: 19:00

***

The lecture: "Artistic institutions and the equality of gatherings" is part of the program : "Art, Politics, Institution and Body". For more details:

https://artpoliticsinstitutionsbody.blogspot.mk/

More details about the sixth edition of the festival for feminist culture and action "ПРВО ПА ЖЕНСКО:

https://www.facebook.com/events/160134238001025/




_________________________________________________________________________________\


9 May/ 10 Maj

english below>>

Предавањето „Граѓанската акција помеѓу креативноста и криминалноста” е дел од сесијата работилници и предавање на Паскал Хилен “ART BEYOND THE CREATIVE CITY/ ART, POLITICS AND URBAN LIFE” како дел од програмата „Уметност:: Политика:: Институции:: Тело“, во организација на LOKOMOTIVA-Centre for New Initiatives in Arts and Culture

Како дел од сесијата се предвидени отвореното предавање „Граѓанската акција помеѓу креативноста и криминалноста” – 9 мај во 19:00
и затворените работилници на теми „ Macro-Sociological Changes and Global Culture “ и “Macro-Sociological Changes and (Art) Institutional Shifts” на 9 и 10 мај, наменети за група на млади професионалци, кои се дел од програмата „ У.П.И.Т.“
Повеќе детали за програмата:

https://artpoliticsinstitutionsbody.blogspot.mk/

Општ вовед во работилниците / предавањата

Бидејќи финансиската криза започна на крајот од 2007 година, многу влади направија намалување на буџетот на културното и уметничкото поле. Инспирирани од критичната општествена теорија на Херберт Маркузе (1964), овие политички одлуки постанаа дел од една идеолошка рамка како "репресивен либерализам".Тоа е (културна) политика што од една страна прокламира слобода на поединецот, стимулира културно претприемништво и го прифаќа креативениот град, но од друга страна го развива во големи размери децентрализираниот контролен апаратус, кој силно го ограничува поединецот и уметничката слобода. Во рамките на оваа културна политика самата креативна работа може исто така да биде "инструментализирана" како репресивна алатка. Во овие работилници и предавање Паскал Хилен го анализира односот помеѓу уметноста, политиката и јавниот простор во креативниот град на глобално ниво. Исто така, гледа како активистите и креативните "работници" одговараат на оваа политика, организирајќи се на алтернативни начини.

За предавањето

"Граѓанската акција помеѓу креативноста и криминалноста"

Во своето предавање Хилен ја анализира врската помеѓу уметноста, политиката и јавниот простор во креативниот град. Тој разгледува како уметниците и други креативни "работници" одговараат на оваа современа неолиберална политика преку превземање граѓанска акција во сивата зона помеѓу креативноста и криминалот. Предавањето е засновано на истражување кое Хилен го направи за Европската културна фондација за улогата на уметничките и културните организации во градењето на транснационален граѓански простор. Истражувањето резултираше со анализа на тоа како граѓанската акција се одвива и како уметноста може да игра клучна улога во т.н. "граѓански синџир". Резултатите од истражувањето се објавени во книгите No Culture, No Europe; Interrupting the City and The Art of Civil Action.

БИО

Паскал Хилен е редовен професор по социологија на уметност и политика во Антверпенскиот истражувачки институт за уметност (Антверпен универзитет - Белгија), каде што го води Заводот за истражување на културата (Culture Commons Quest Office-CCQO). Хилен е главен и одговорен уредник на меѓународната серија на книги "Уметности во општеството". Во 2016 година тој стана лауреат на грантот Odysseus за одлични меѓународни научни истражувања на Фондот за научни истражувања Фландрија во Белгија. Неговото истражување се фокусира на креативната работа, институционалниот контекст на уметноста и на културната политика. Хилен објави многу книги кои се преведени на англиски, корејски, полски, португалски, руски, шпански и турски јазик.


Комплетната биографија можете да ја најдетете на www.ccqo.eu – ‘Team’

Локација: KINO Kultura

Време: 19:00

______________________________________________________

english>>

The lecture "Civil Action Between Creativity and Criminality” is part of the workshop session and lecture by Pascal Gielen "ART BEYOND THE CREATIVE CITY / ART, POLITICS AND URBAN LIFE " as part of the program" Art: Politics: Institutions: Body ",organised by LOKOMOTIVA-Centre for New Initiatives in Arts and Culture
As part of the session, closed workshops on the topic "Macro-Sociological Changes and Global Culture" and "Macro-Sociological Changes and (Art) Institutional Shifts" will be held on May 9 and 10, intended for a group of young professionals who are part of the program "U.P.I.T."

For more details:

https://artpoliticsinstitutionsbody.blogspot.mk/

General introduction into the Workshops/Lectures

Since the financial crisis started at the end of 2007 a lot of governments do budget cuts in the cultural and artistic field. Inspired by the critical social theory of Herbert Marcuse (1964), these policy decisions are understood within an ideological framework as ‘repressive liberalism’. That is a (cultural) politics that on the one hand proclaims individual freedom, stimulates cultural entrepreneurship and embraces the creative city, but on the other hand develops a large-scale decentralized control apparatus that strongly restricts individual and artistic freedom. Within this cultural policy creative labor itself can also be ‘instrumentalized’ as a repressive tool. In these workshops and lecture sessions Pascal Gielen analyses the relationship between art, politics and the public space in the creative city on a global level. He also looks how activists and creative ‘workers’ respond to this policy by organizing themselves in alternative ways.


LECTURE: Civil Action Between Creativity and Criminality

In his lecture Gielen analyses the relationship between art, politics and the public space in the creative city. He looks how artists and other creative ‘workers’ respond to this contemporary neoliberal policy by taking civil action in the grey zone between creativity and criminality. The lecture is based on a research Gielen did for the European Cultural Foundation about the role of art and cultural organizations in building a transnational civil space. The research resulted in an analysis of how civil action takes place and how art can play a pivotal role in a so called ‘civil chain’. The results of the research are published in the books No Culture, No Europe; Interrupting the City and The Art of Civil Action.

BIO

Pascal Gielen is full professor of sociology of art and politics at the Antwerp Research Institute for the Arts (Antwerp University – Belgium) where he leads the Culture Commons Quest Office (CCQO). Gielen is editor in-chief of the international book series Arts in Society. In 2016 he became laureate of the Odysseus grant for excellent international scientific research of the Fund for Scientific Research Flanders in Belgium. His research focuses on creative labour, the institutional context of the arts and on cultural politics. Gielen has published many books which are translated in English, Korean, Polish, Portuguese, Russian, Spanish and Turkish.


BIO of Gielen you can find at www.ccqo.eu – ‘Team’

Location: KINO Kultura

Time: 19:00




___________________________________________________________________________________

21. May 2018 @ 20 :00

english below>>

Перформансот SONIC EXTENSIONS е дел од програмата Уметност:: Политика:: Институција:: Тело:: во организација на LOKOMOTIVA-Centre for New Initiatives in Arts and Culture

SONIC EXTENSIONS

Performance
Концепт, Кореографија и Изведба: Darko Dragičević, Martin
Sonderkamp
Дизајн на светло: Daniel Massey
Гласови: Jule Flierl, Siri Jøntvedt
Продукција на Darko Dragičević, Martin Sonderkamp
Поддржано од 3AM, Flutgraben eV. Berlin (DE), Quartier am Hafen, Cologne (DE), Collegium Hungaricum Berlin (DE), Goethe Institut Skopje

Опис:

"Sonic Extensions" е продолжение на перформативната работа на Dragičević, и Sonderkamp "Approximations”" во која се фокусираа на суштинските својства на визуелното, висцералното и движењето како кореографски материјал. "Sonic Extensions" ги истражува потенцијалните односи помеѓу телото, звукот, просторот и движењето и предлага специфични начини на инсталирање на снимен текст во различни просторни ситуации и перформативни поставки со цел да се модифицираат акустичните својства на просторот за изведба. Самиот перформанс се појавува како аудиовизуелна инсталација во перфомративна поставка, бидејќи изведувачите постојано поставуваат звучни објекти во флуктуирачки просторни локации.
Нивните тела се сфатени како уреди за дистрибуција, нивното застапување е управувано од две едноставни задачи за движење: да го носат и да го постават звучниот објект во вселената.

Био:

Martin Sonderkamp е уметник во моментов со седиште во Берлин и Стокхолм. Неговите кореографски дела се прошируваат низ дисциплински и естетски граници меѓу танцот, визуелната уметност и музиката во форма на партиципативна кореографија, мешани медиумски инсталации и скорови за импровизирани перформанси. Неговите најнови дела ги вклучуваат Sonic Extensions (2017) Approximations (2015), Task 14 (2014), Rewired (2013) и Social movement (2012). Во моментов е вработен како професор по кореографија и како уметнички истражувач во DOCH – Stockholm University of the Arts, од 2011-2015 година e професор по соврмеен танц на University for Music and Dance Cologne. По завршувањето на студиите на School for New Dance Development во 1995 година, тој е ко-основач и дел од Magpie Music Dance Company, Амстердам (1995-2006). Покрај тоа, тој ја претставува својата кореографска работа и е дел од бројни импровизациски настани низ Европа, САД и Азија. Како free-lance mentor работел за компании, фестивали и институции во околу 30 земји, како што е Cullberg Ballet; Sasha Waltz Camp; Guests; Movement Research, New York; Tanzquartier Wien; CI Festival Tokyo; Seoul Improvisation Festival; Amsterdam University of the Arts; ZZT Cologne; HZT Berlin; GW University Washington, DC; и бројни други. Мартин е исто така член на DMB, одборот за одлучување на Nomad Dance Academy.

Дарко Драгичевиќ (1979) е роден во Белград (РС) и живее во Берлин (Германија). Драгичевиќ истражува интердисциплинарни проекти и крос-медиумски соработки во областа на визуелното уметност, филм и изведба и работи на меѓународно ниво како визуелен уметник, и е автор на повеќе перформанси како и филмови. Неговите најнови проекти вклучуваат документарен филм "Body as arhive"- Tanzfonds Erbe проект, кореографиски дела Approximations и Sonic Extensions и Failure како пракса, уметнички проект реализиран во соработка со Гете Институт Белград. Неговите филмови се претставени на бројни меѓународни филмски фестивали и курирани програми вклучувајќи го и Ann Arbor фестивал Мичиген, Cinedans Dance on Screen Festival во Амстердам и Краков филмски фестивал. Како филмски режисер, тој доби награди од Bosifest 7th

International Film Festival за и од лица со посебни потреби во Белград, од 57th International Short Film Festival in Oberhausen и од Casa del Cinema in Rome Неговите дела од областа на визуелните уметности се прикажани на различни соло и групни изложби како што е David Zwirner Gallery New York, The Armory Show New York и Otto Zoo Gallery Milan. Драгичевиќ често работи во областа на образованието. Тој предава на TQW Tanzquartier Wien, на Универзитетот за музика и танц Келн / ZZT Центар за современи танц и на Универзитетот за уметности Берн и други. Тој има MFA (Hons) in BA n Visual Arts и Visual Communication from The International College of Arts & Sciences in Milan i a Filmmaking diploma from New York Film Academy, New York City.


Локација: KINO Kultura

Почеток: 20:00

Влез: слободен


***

Редовни отворени часови за техники на современ танц и истражување на движење: Култренинг! со Darko Dragičević, Martin Sonderkamp (21.05.2018)

Култренинг е дел од програмата „Заедно“- социо- културни активности за пошироката општествена заедница, на проект_ просторот Кино Култура.

за повеќе инфо на Култренинг - Kultrening

_____________________________________________________

english>>>

The performance SONIC EXTENSIONS is part of the program ::Art::Politics::Institution:: Body, organised by LOKOMOTIVA-Centre for New Initiatives in Arts and Culture

SONIC EXTENSIONS

Performance
Concept, Choreography and Performance: Darko Dragičević, Martin
Sonderkamp
Sound Design: Daniel Massey
Voices: Jule Flierl, Siri Jøntvedt
A production by Darko Dragičević and Martin Sonderkamp
Supported by 3AM, Flutgraben eV. Berlin (DE), Quartier am Hafen, Cologne (DE), Collegium Hungaricum Berlin (DE), Goethe Institut Skopje
Description:

“Sonic Extensions” is a continuation of Dragičević’s and Sonderkamp’s performative work “Approximations” in which they focused on essential properties of the visual, the visceral and of movement as choreographic material. “Sonic Extensions” explores potential relations between body, sound, space and movement, and proposes specific ways of installing recorded text in various spatial situations and performative settings in order to modify the acoustic properties of the performance space. The piece itself emerges as an audiovisual installation in a performance setting as the performers continually place sound objects in fluctuating spatial locations. Their bodies are conceived of as distributing devices, their agency governed by two simple movement tasks: to carry and to place the sound object in space.

Bio:

Martin Sonderkamp is an artist currently based in Berlin and Stockholm. His choreographic works expand across disciplinary and aesthetic boundaries between dance, visual art and music in the form of participatory choreography, mixed media installations and scores for improvised performances. His latest works include Sonic Extensions (2017) Approximations (2015), Task 14 (2014), Rewired (2013) and Social Movement (2012). Currently he is employed as Professor of Choreography and as artistic researcher at DOCH - Stockholm University of the Arts, from 2011-2015 he held a position as Professor for Contemporary Dance at the University for Music and Dance Cologne. After completing his studies at the School for New Dance Development in 1995, he co-founded and danced with Amsterdam based Magpie Music Dance Company (1995-2006). Furthermore, he toured his own choreographic work and performed in numerous improvisation events across Europe, the US and Asia. As a free-lance teacher he has worked for companies, festival and institutions in around 30 countries such as Cullberg Ballet; Sasha Waltz & Guests; Movement Research, New York; Tanzquartier Wien; CI Festival Tokyo; Seoul Improvisation Festival; Amsterdam

University of the Arts; ZZT Cologne; HZT Berlin; GW University Washington, DC; and numerous others. Martin is also a member of DMB, the decision-making board of Nomad Dance Academy.


Darko Dragičević (1979) was born in Belgrade (RS) and lives in Berlin (DE). Dragičević explores interdisciplinary projects and cross-media collaborations within the fields of visual arts, film and performance and works internationally as a visual artist, film and performance maker. His most recent projects include the documentary film The Body as Archive, a Tanzfonds Erbe Project, the choreographies Approximations and Sonic Extensions and

Failure as practice, an artistic project realized in collaboration with Goethe Institut Belgrade. His films have been presented in numerous international film festivals and curated programs including Ann Arbor Festival Michigan, Cinedans Dance on Screen Festival in Amsterdam and Krakow Film Festival. As a film director, he received awards from the Bosifest 7th International Film Festival for and by people with disabilities in Belgrade, from the 57th International Short Film Festival in Oberhausen and from Casa del Cinema in Rome.

His works in the field of visual arts have been featured in various solo and group exhibitions such as David Zwirner Gallery New York, The Armory Show New York and Otto Zoo Gallery Milan. Dragičević frequently works in the field of education. He taught at TQW Tanzquartier Wien, at the University for Music and Dance Cologne/ZZT Centre for Contemporary Dance and at the University of Arts Bern and others. He holds a MFA (Hons) in Visual Arts and a BA in Visual Communication from The International College of Arts & Sciences in Milan and a Filmmaking diploma from New York Film Academy, New York City.

Location: KINO Kultura

Timе: 20:00

Entrance: free

***

Оpen regular trainings of contemporary dance techniques and movement research: KULTRЕNING! with Martin Sonderkamp (21.05.2018)
Kultrening! is part of the program "Together"- social and cultural activities for large social community in Kino Kultura
for more information: Култренинг - Kultrening

Comments

Popular posts from this blog

ОТВОРЕН ПОВИК/ OPEN CALL

PLATFORM(a) for contemporary performing arts 2016

Предавање: Бојана Кунст- „Уметничките институции и еднаквоста во собирите“/ "Artistic institutions and the equality of gatherings", Bojana Kunst