APIB

Art Politics Institution Body

Theoretical-artistic program

At a time of corporatization of culture, vitiation and marginalization of the public good, collapse of the public sphere, commodification of art and culture, crisis of the representative democracy and growth of nationalism, we believe it is crucial to discuss the state of art, the conditions of work in which it is created, both in the public institutions and independently, and how the politics, the state, and the capital influence its creation, aesthetics, and mode of distribution. It is also necessary to evaluate the ways in which it is reflected and managed, as well as the policies of participation in art, and its (re)presentation.
This theoretical-artistic program taking place in Kino Kultura, arose from the need for theatre, dance and performance to be understood, looked at, shown and thought differently, or to offer reviews and new angles of viewing the conditions in which these arts are created, perceived, followed. The need to recognize the artistic achievements in the performing arts through a different prism than the traditional one, which will provide an opportunity to talk about what it signifies, how it is developed, how politics influences, or not, its development, or what are the signifiers produced by art while it is distributed in the public, and how such signifiers perform meanings that change, write, reform the artistic and cultural context itself.
The artistic public sphere is conflicting and it represents a space for different and opposing subjectivities, politics and economies, or a “battle field” according to Pierre Bourdieu and Hans Haacke, where different ideological positions strive towards power and sovereignty. It is not unitary, nor autonomous, although it sometimes strives to be. This world, sphere, is regulated by politics, the economy, and it is in constant relation with other public spheres and areas, which is best seen in the critical theory and the critical, conceptual and/or contextual artistic practices.
Art has become a field of thought, reflection, diversities, opportunities, exchange, comparative analysis, as well as a mediator between different fields, ways of perception and thinking, and between many different positions and subjectivities.
Viewing and reflecting upon art in relation to context, or the other public spheres, areas, is the approach through which we will talk about the contemporary performing arts, and we will also look into the notions of art, politics, institution, and body, and their relations.
In the contemporary artistic practices we can see a certain “permeability”, or an extended practice, an extended artistic field or an interdisciplinary approach. These practices intervene in several fields besides the traditionally formulated artistic disciplines, - cross-border -, and touch upon, encounter other areas such as sociology, politics, critical theory, and so on.
This program is interested in such “permeability” of the contemporary arts, in the relations of an artistic field or world with the rest of the public spheres and areas, disciplines. This program begins at and returns to the field of performing arts (theatre, dance, performance), and through the interdisciplinary approach it passes across the other spheres and practices.

Biljana Tanurovska Kj

The program ART POLITICS INSTITUTION BODY consists of:
  • -        theoretical program: lectures, discussions and workshops,
  • -        presentation of theatre works, drama works and performances.  

All programs are public, except for the workshops which are intended for a group of young professionals who want to increase their theoretical knowledge, write, and/or curate in the field of contemporary arts.
More information on the open call on 16 April.
Guests, lecturers in the program: theoreticians, artists, curators: Bojana Kunst (Slovenia/Germany), Pascal Gielen (Belgium), Ana Stojanova (Macedonia), Lydia Bell (USA), Anastasia Proshutinskaya (Russia), and others.
The works by Gisela Müller, Darko Dragičević, Esta Matković, Vanja Smiljanić, Martin Sonderkamp, ​​Maayan Danoch, Özlem Alkiz, and others, are (will be) presented as part of the program.
Program curator: Biljana Tanurovska-Kjulavkovski
Program manager: Violeta Kachakova
Assistant curator and coordinator: Elena Risteska

The program is supported by: The Municipality of Centar, the City of Skopje, the EEPAP (EEPAP – East European Performing Arts Platform)the TMU and the GPS (Global Practice Sharing Program of the Movement Research with funding from the Trust for Mutual Understanding), The EU Culture Program, and the Life Long Burning project.

 Movement Research (#movementresearch) and GPS (#GPS)
 EEPAP #EEPAP and #Lublin

______________________________________________________________________________

Уметност Политика Институција Тело

Теориско-уметничка програма

Во време на корпоратизација на културата, подривање и маргинализација на јавното добро, пропаѓање на јавната сфера, комодификација на уметноста и културата, криза на репрезентативната демократија и раст на национализмот, сметаме дека е клучно да се дискутираат состојбата во која се наоѓа уметноста, условите за работа во кои таа се твори, во јавните институции и независно,  и како политиката, државата и капиталот влијаат во нејзиното создавање, естетика и начин на дистрибуција. Потребно е, исто така, да се оценат начините на кои таа се рефлектира и управува, како и политиките на партиципација во уметноста, како и нејзина (ре)презентација.
Оваа теориско-уметничка програма која се одвива во Кино Култура, настана од потребите театарот, танцот и перформансот да се разбираат, гледаат, прикажуваат и мислат поинаку, односно да се понудат прегледи и нови ракурси на согледување на состојбите во кои овие уметности се творат, перцепираат, следат. Потребата да се согледуваат уметничките остварувања во изведбените уметности низ поинаква призма од онаа традиционалната, која ќе даде можност да зборуваме што таа уметност означува, како се развива, како политиката влијае, или не, на нејзиниот развој, односно кои се означувачите кои ги произведува уметноста додека се дистрибуира во јавното и како тие означувачи изведуваат значења кои го менуваат, испишуваат, реформираат самиот уметнички и културен контекст.
Уметничката јавна сфера е конфликтна и претставува простор за различни и спротивставени субјективитети, политики и економии, или "воено поле" според Пјер Бурдје и Ханс Хаке, каде што различни идеолошки позиции се стремат кон моќ и суверенитет. Таа не е унитарна, ниту автономна иако понекогаш се стреми да биде. Овој свет, сфера, е регулиран од политиките, економијата, и е во постојана врска со другите јавни сфери и области, што најдобро се согледува во критичката теорија и критичките, концептуални и/или контекстуални уметнички практики.
Уметноста стана поле на размислување, рефлексија, различности, можности, размена, компаративна анализа, како и посредник помеѓу различни полиња, начини на перцепција и размислување, како и помеѓу многу различни позиции и субјективитети.  
Гледањето и рефлектирањето на уметноста во релација со контекстот, односно другите јавни сфери, области, е пристапот преку кој ќе разговараме за современите изведбени уметности, а и ќе ги разгледуваме поимите  уметност, политика, институција и тело, како и нивните релации.
Во современите уметнички практики можеме да видиме одредена "пропустливост", односно проширена пракса, проширено уметничко поле или интердисциплинарен пристап. Овие пракси интервенираат во неколку полиња освен традиционално формулираните уметнички дисциплини, –преку-границата-, и се допираат, среќаваат со други области како социологија, политика, критичка теорија итн.
Оваа програма се интересира за таа „пропустливост“ на современите уметности, за релациите на едно уметничко поле или свет со останатите јавни сфери и области, дисциплини. Оваа програма започнува и се враќа во полето на изведбените уметности (театар, танц, перформанс), а преку интердисциплинарниот пристап проаѓа низ другите сфери и пракси.

Биљана Тануровска Ќ

Програмата УМЕТНОСТ ПОЛИТИКА ИНСТИТУЦИЈА ТЕЛО се состои од:
  • -        теориска програма: предавања, дискусии и работилници,
  • -        претставување на драмски, танцови дела и перформанси.

Сите програми се јавни, освен работилниците - наменети за група на млади професионалци кои сакаат теориски да се дообразуваат, да пишуваат, и/или курираат во полето на современите уметности.

Гости, предавачи во програмата ќе бидат: теоретичар/к/ите, уметниците, куратор/к/ите: Бојана Кунст (Словенија/Германија), Паскал Хилен (Белгија), Ана Стојанова (Македонија), Лидија Бел (САД), Анастасија Прошутинскаја (Русија) ,Ана Вујановиќ, Бојана Цвејиќ, Рок Вевар, Јасмина Заложник, и други.
Како дел од програмата се (ќе бидат) претставени делата на Гизела Милер, Дарко Драгичевиќ, Еста Матковиќ, Вања Смиљаниќ, Мартин Сондеркамп, Маајан Даноч, Озлем Алкиз и други.
Куратор на програмата Биљана Тануровска-Ќулавковски
Менаџер на програмата Виолета Качакова
Асистент куратор и координатор Елена Ристеска

Програмата ја поддржаа: општина Центар, Град Скопје, ЕЕПАП (EEPAP – East European Performing Arts Platform), ТМУ и ГПС(GPS/Global Practice Sharing Program of the Movement Research with funding from the Trust for Mutual Understanding), ЕУ програма за култура и проектот Life Long Burning.

 Movement Research (#movementresearch) and GPS (#GPS)


 EEPAP #EEPAP and #Lublin



Comments

Popular posts from this blog

Art Institution Politics Body/ Exhibition of Simona Mancheva and Zorica Zafirovska at Museum Gallery Kavadartsi

SCREENSAVER choreographic work by Aleksandar Georgiev in the space of MKC

Performance “Poiesis of self” by Snježana Premuš together with Rok Vevar