SCREENSAVER choreographic work by Aleksandar Georgiev in the space of MKC

 

/македонски подолу/


Art Institution Politics Body/ MOT + Programme

SCREENSAVER

A choreographic work by Aleksandar Georgiev

4th November, 2022 @ 20.00

@ Dancing Hall, MKC

 

tickets here

Hey dear. Bring your presence right here and invite everyone to your memory, your imagination, your daydreaming, to the stories that start with “what if”. While doing so be gracefully stable, not necessarily peaceful, most probably busy, but absolutely graceful, amused with the signals of satisfaction risen when you get stuck in movement loops which slightly rock your flesh and organs, or when, with a cultured alongué and its invisible but tangible traces from which flowers raise up, you send information and data that conquers the room, as if a rose´s essence hits you while walking your favourite street.

You know, like they do in the movies, creating superpowers with moves that look quite senseless and pointless but kinetically refined and effortlessly performed. When they manage to vanish a wide universe with a simple soft swing of the wrist, carelessly, smoothly and gloriously, like no disturbance has happened to this body, ever. It is truly a temple of satisfaction, the same feeling you get when you are in a roller coaster, when your body is more than your body, when the hidden continuation of your moves can cure everyone around.

Like a cluster of bodies moving through and in each other’s spaces with no reconsideration, as if they have done it a billion times, as if it’s their home feeling, their sense of base, their stability. A comfortable space where their mouths produce saliva in the same way as when you are hungry and a delicious meal produces the sensation of smooth fireworks under your cheeks. Bodies tuned just like chewing gum.

Your moves are this chewing gum that goes from thick tension to stretched softness, that gets stuck in surfaces, creating new ones, redefining borders, molding through liquid times, like when you try to catch a note underwater, elevated and ungraspable, almost not real, holy.

Dear, just feel the pleasure of stretching that gorgeous dance of yours, do not finish it, do not burn it, keep the promise of your best move, the best smell, a wonderful taste, do not realise it, miss it, suspend the nostalgia, like when you try to run in a dream but you are inevitably slow. Enjoy the pleasure of pushing. It is like knowing the future, owning a future that cannot happen without today’s suspenseful satisfaction.

 

Choreography: Aleksandar Georgiev. 

Performance and co-workers: Carlota Mantecón, Reinaldo Ribeiro, Sara Reyes, Aleksandar Georgiev and Darío Barreto Damas. 

Dramaturgical support: Javier Cuevas. 

Music: Tsvetan Momchilov. 

Guest vocals: Dragana Zarevska. 

Graphic design: Gjorgji Despodov. 

Costumes: Aleksandar Georgiev, Katerina Tosheva and Héctor León León. 

 

Duration: 60 min

Aleksandar Georgiev – Ace is a choreographer/cultural worker. He has been part of formal and no-formal educational programs such as NOMAD, SPAZIO, DanceWeb, 50 Days Fly Low and Passing Through and Critical Practice program (3rd generation). He graduated from the Master program in Choreography at DOCH, Stockholm, in 2014. He has been exploring nomadic approaches in terms of working base, constantly replacing himself, but it is in the last 4 years when, while working, he defined four places he considers home/locality, (Stockholm, Sofia, Skopje and Tenerife). Lately he initiated the choreographic research CO-series. The research works with different artistic practices and methods exploring the ideas of co-existence, hyper and holography through the prism of dance and choreography. He is a member of NGOs such as Lokomotiva (North Macedonia), Garage Collective (Bulgaria) and Interimkultur (Sweden). He is also a member of the network NOMAD (Balkan countries).

About the artist: https://aleksandargeorgiev.com/

 

*****

 

Photo cover by Javi Pino.

SCREENSAVER is developed as part of the program “Contemporary Choreography and Dance” and re-worked Lokomotiva – Centre for New Initiatives in Arts and Culture, North Macedonia, and the program “Residentes” of TenerifeLAV – Tenerife Laboratorio de Artes Vivas, Spain.

SCREENSAVER is realised with the financial support of the Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia, National Cultural Fund of Bulgaria, Garage Collective, TenerifeLAV and Instituto Canario de Desarrollo Cultural – Gobierno de Canarias and performed in cooperation with the Youth Cultural Center and the МОТ + program.

SCREENSAVER is produced by Aleksandar Georgiev and Darío Barreto Damas and co-produced by ICC – Imaginative Choreographic Center with the support of STEAM ROOM, cie. THOR (BE), Konstnärsnämnden (SE), ccap and c.off (SE), Beatrix Crew Dance Studio (MK), Fashion Studio LE-TE (MK), MOT festival in Skopje (MK), Municipality Burgas (BG), DNK – space for contemporary dance and performance (BG), Teatro El Sauzal (ES), Centro Cultural El Sauzal (ES) and Espacio La Granja (ES).

____________________________________________

https://www.flickr.com/photos/143801298@N08/albums/72177720303442181 

Check out the photo album above. Photography by Stefan Samandov / Погледнете го фото албумот погоре. Фотографии на Stefan Samandov

/македонски

 

Уметност Институција Политика Тело/ МОТ + програма

SCREENSAVER /СКРИНСЕЈВЕР

Кореографско дело на Александар Георгиев

4 Ноември 2022

@ 25 Maj, Младински културен центар

 

билети тука

 

Драги, почестете не со вашето присуство токму тука и поканете ги сите во вашите спомени, во вашата имагинација, во вашите мечти, во приказните што почнуваат со „што ако“. Додека го правите, тоа бидете грациозно сигурни, но не и нужно мирни, најверојатно зафатени, но апсолутно воздигнати, забавувани од знаците на задоволството, кои се појавуваат кога ќе се заглавите во циклично движење кое нежно ви го ниша телото и органите. Или кога, со култивиранo продолжување и неговите невидливи, но опипливи траги од кои се подигнуваат цвеќиња, испраќате информации и податоци кои ја освојуваат просторијата, како да ве удира мирисот на розата додека шетате по вашата омилена улица.

Знаете, како што прават во филмовите, создаваат супермоќи со движења кои изгледаат прилично безосетни и бесмислени, но кинетички рафинирани и изведени без напор. Кога ќе успеат да направат да исчезне еден неизмерен универзум со едноставно меко замавнување на зглобот, безгрижно, глатко и величествено, како никогаш било вознемиремо тоа тело. Тоа е навистина храм на задоволството, истото чувство што го добивате кога сте на луда железница, кога вашето тело е повеќе од ваше тело, кога скриеното продолжение на вашите движења може да ги излечи сите наоколу.

Како кластер од тела кои се движат низ и во меѓусебните простори без преиспитување, како да го направиле тоа милијарда пати, како да е нивното чувство за дома, нивното чувство за основа, нивната стабилност. Удобен простор каде што нивните усти произведуваат плунка на ист начин како кога сте гладни, а вкусниот оброк создава чувство на пријатен огномет во вашите образи. Тела споени како гума за џвакање.

Вашите движења се таа гума за џвакање која преминува од густа напнатост до растегната мекост, која се заглавува во површините, создавајќи нови, редефинирајќи граници, обликувајќи се низ течни времиња, како кога се обидувате да слушнете мелодија под вода, издигната и недофатлива, речиси нереална, света.

Драги, почувствувајте го задоволството на продолжување на вашиот прекрасен танц, не завршувајте го, немојте да изгорите, чувајте го ветувањето за вашето најдобро движење, најдобриот мирис, прекрасен вкус, не го остварувајте го, пропуштете го, отстранете ја носталгијата, како кога се обидувате да трчате во сон, но неизбежно сте бавни. Уживајте во задоволството на истрајноста. Тоа е како да ја знаете иднината, да поседувате иднина што не може да се случи без денешното неизвесно задоволство.

Кореографија: Александар Георгиев 

Изведувачи и соработници: Карлота Мантекон, Реиналдо Рибеиро, Сара Рејес, Александар Георгиев и Дарио Барето Дамас 

Драматуршка поддршка: Хавиер Куевас 

Музика: Цветан Момчилов 

Гостински вокал: Драгана Заревска 

Графички дизајн: Ѓорѓи Десподов 

Костими: Александар Георгиев, Катерина Тошева и Хектор Леон Леон 

 

Времетрање: 60 минути

Александар Георгиев – Аце е кореограф и културен работник. Тој бил дел од формални и неформални едукативни програми како што се NOMAD, SPAZIO, DanceWeb, 50 Days Fly Low, Passing Through и програмата Kритичка пракса (трета генерација). Ја завршува  магистерската програма за кореографија на DOCH, Стокхолм, во 2014 година. Го истражувал номадскиот пристап во однос на седиштето на работа, постојано поместувајќи се, но во последните 4 години низ работата дефинирал четири места што ги смета за свој дом / локалитет (Стокхолм, Софија, Скопје и Тенерифе). Неодамна  ја иницирал кореографската истражувачка КO–серија. Истражувањето го работи со различни уметнички практики и методи, истражувајќи ги идеите за соживот, хипер и холографија низ призмата на танцот и кореографијата. Тој е член на невладини организации како Локомотива (Северна Македонија), Гараж колектив (Бугарија) и Интеримкултур (Шведска). Тој е исто така член на мрежата NOMAD (балкански земји).

За уметникот: https://aleksandargeorgiev.com/

 

*****

Фотографија на Хави Пино.

СКРИНСЕЈВЕР е дело развиено како дел од програмата „Уметност Институција Политика Тело“ на Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата и програмата „Residentes“ на ТенерифеЛАВ – Лабораторија за живи уметности /TenerifeLAV – Tenerife Laboratorio de Artes Vivas/ (Шпанија)

СКРИНСЕЈВЕР се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Северна Македонија, Националниот културен фонд на Бугарија, Гараж колектив, ТенерифеЛАВ и Канарскиот институт за културен развој /Instituto Canario de Desarrollo Cultural – Gobierno de Canarias/.

СКРИНСЕЈВЕР е продуциран од Александар Георгиев и Дарио Барето Дамас и копродуциран од ICC – Имагинативен кореографски центар / Imaginative Choreographic Center/ со поддршка на STEAM ROOM, THOR (Белгија), Konstnärsnämnden (Шведска), ccap и c.off (Шведска), Танцовото студио Битрикс (Северна Македонија), Модно студио LE-TE (Северна Македонија), MOT фестивал во Скопје (Северна Македонија), Општина Бургас (Бугарија), DNK – простор за современ танц и изведба (Бугарија), Teatro El Sauzal (Шпанија), Centro Cultural El Sauzal (Шпанија) и Espacio La Granja (Шпанија).

____________________________

 

Comments

Popular posts from this blog

Art Institution Politics Body/ Exhibition of Simona Mancheva and Zorica Zafirovska at Museum Gallery Kavadartsi

Performance “Poiesis of self” by Snježana Premuš together with Rok Vevar