Remote residency “Dance till the new dawn“ – Dance Research & Resistance Project is happening in Belgrade
/македонски подолу/
“Dance till the new dawn“ – Dance Research & Resistance Project, a collaboration project by Bojan Djordjev, Siniša Ilić, Igor Koruga, Mirjana Dragosavljević and Marijana Cvetković
June-August 2021
Art, Politics, Institution, Body program // Creative Crossroads - Life Long Burning
Illustration by Siniša Ilić, drawing on paper 2020, detail of a mosaic study by Miloš Gvozdenović from 1969.
The remote residency “Dance till the new dawn“ – Dance Research & Resistance Project, taking place between June and August 2021 in Belgrade, is collaboration project developed as part of Lokomotiva’s Art, Politics, Institution, Body program, within the Creative Crossroads program of the Life Long Burning Project.
The project’s starting point is in the iconic images of Yugoslav partisan dancer Marta Paulin–Brina, dancing in front of thousands of partisan men and women during the WWII in Yugoslavia. In her later diary, she described these events as reinvention of a new art practice in the new social conditions. Her dance was supposed to become part of the people’s struggle, as well as a practice acquired as a right and accessed by this collective subjectivity.
Starting from this note, the research will unfold in the following directions:
- reviewing and bringing forward diverse knowledge related to the guerrilla/partisan struggles of the 20th century, as a powerful way of antifascist and anti-imperialist struggle,
- using the partisan logic of ideological precision that enables navigation and orientation in the public (political) space, dominated by neoliberal policies,
- working on political literacy as the main weapon for the struggle where one can assess the adversary and choose the battles.
This is a cross-disciplinary project that employs knowledge and capacities of performing arts and choreography, visual arts and photography, humanistic disciplines and contemporary critical theory.
It will bring forward texts, performances, installations, publications and workshops around topics such as collective dance practices, amateurism, dance as resistance, with case studies from Yugoslavia, Europe and the USA.
The residential research deals with topics including Yugoslavian partisans and artists, amateurism, anti-fascist and anti-colonial movements, collectivism in dance and performance as resistance.
The hybrid project will result in one text and a few self-interviews of the members of the group.
*****
“Dance till the new dawn“ – Dance Research & Resistance Project is part of Lokomotiva’s Art, Politics, Institution, Body program of Lokomotiva and implemented within the Creative Crossroads program of the Brain Store Project, Sofia, and the European network Life Long Burning.
It is supported by Creative Europe, the Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia and the City of Skopje.
__________________________
/македонски
Резиденција // Танцувај до новата зора/Tанцово истражување, проект на отпор и соработка, со Бојан Ѓорѓев, Синиша Илиќ, Игор Коруга, Мирјана Драгосављевиќ и Маријана Цветковиќ.
Јуни-август 2021 година
„Уметност, политика, институција, тело“ // Creative Crossroads - Life Long Burning.
Илустрација на Синиша Илиќ, цртеж на хартија 2020 година, детали od мозаична студија на Милош Гвозденовиќ, од 1969 година.
Резидентниот престој во рамки на проектот Танцувај до новата зора/Dance till the new dawn - Tанцово истражување, кој се одржува помеѓу јуни и август 2021 година во Белград, е проект на отпор и соработка на уметници и истражувачи во рамки на програмата на Локомотива „Уметност, политика, институција, тело“ и програмата Creative Crossroads на европската мрежа Life Long Burning.
Почетната точка на проектот е во иконските слики на југословенската, партизанска, танцова уметница Марта Паулин – Брина, која танцува пред илјадници мажи и жени партизани за време на Втората светска војна во Југославија. Во нејзиниот подоцнежен дневник, таа ги опишала овие настани како повторно откривање на нова уметничка практика во новите социјални услови; нејзиниот танц требало да стане дел од борбата на народот, но и практика што била добиена како право и да биде достапен до оваа колективна субјективност.
Поаѓајќи од оваа белешка, ова истражување ќе се одвива во следниве насоки:
- прегледување и изнесување на различни знаења што се поврзани со герилските/партизанските борби на 20-от век како моќен начин на антифашистичка и анти-империјалистичка борба,
- користење на партизанска логика на идеолошка прецизност што овозможува навигација и ориентација во јавниот (политички) простор, во кој доминираат неолибералните политики,
- работа на политичка писменост како главно оружје за борбата каде што може да се оцени противникот и да се изберат битките.
Ова е меѓудисциплински проект кој вклучува капацитети и знаења поврзани со изведувачките уметности и кореографијата, визуелните уметности и фотографијата, хуманистичките дисциплини и современата критичка теорија.
Проектот ќе донесе текстови, претстави, инсталации, публикации и работилници околу теми како на пример колективни танцови практики, аматеризам, танцот како отпор, со студии на случаи од регионите на Југославија, Европа и САД.
Резиденцијалното истражување вклучува теми за југословенските партизани и уметници, аматеризмот, антифашистички и антиколонијални движења, колективизам во танцот и изведбата како отпор.
Хибридниот проект ќе резултира со еден текст и неколку само-интервјуа на членовите на групата.
*****
Танцувај до новата зора - танцово истражување, проект на отпор и соработка, е дел од програмата Уметност, политика, институција, тело на Локомотива реализирана во рамките на програмата Creative Crossroads на проектот Brain Store, Софија, и европската мрежа Life Long Burning.
Поддржанa од Програмата на Креативна Европа на Европската Унија, Министерство за култура на Република Северна Македонија и Град Скопје.
Comments
Post a Comment