OPEN CALL/ОТВОРЕН ПОВИК


macedonian below>>>


Open call for participation in the program “Art, Politics, Institution, Body” / APIB /
Locomotiva – Center for New Initiatives in Arts and Culture announces an open call for participation in the first, of this type, continuous program titled “Art, Politics, Institution, Body”.
The call is open to young professionals who want to be theoretically upgraded, in writing, analyzing as well as curating in the field of contemporary performing arts.
The main goal of the program is to open up an opportunity to young professionals to critical reflection and comparative analysis of contemporary arts, and to perceive artist’s practices and cultural activities through the prism of the contemporary context.
Viewing and reflecting art in relation to the context, that is, other public spheres, areas is the approach through which we will discuss contemporary performing arts, and we will look at the notions of art, politics, institution and body, and their relations.
In contemporary art practices we can see a certain “permeability”, that is, extended practice, an expanded artistic field or an interdisciplinary approach. These practices intervened in several fields, apart from traditionally formulated artistic disciplines – across-the-border- and touch, encounter other areas such as sociology, politics, critical theory, etc.
This program is interested in this “permeability” of contemporary arts, the relations of an art field or world, with other public spheres and fields, disciplines. This program starts and returns to the field of performing arts (theater, dance, performance), and through the interdisciplinary approach it passes through other spheres and practices.
The activities of the program are divided into two segments, and certain are intended for the general public, while the workshops are intended only for the APIB group:
– Theoretical program: lectures, discussions and workshops with local and international theorists, artists, curators in the field of contemporary arts
– Performing program: presentation of theater works, dance works and performances, conversations with artists
Guests, lecturers in the program will be: theoreticians, artists, curators: Bojana Kunst (Slovenia / Germany), Pascal Gielen (Belgium), Ana Stojanoska (Macedonia), Lydia Bell (USA), Anastasia Proshitunskaya (Russia), Marijana Cvetkovic (Serbia), and others.
As part of the program, the works of Gisela Müller, Darko Dragičević, Esta Matković, Vanja Smiljanić, Martin Sonderkamp, ​​Maayan Danoch, Ozlem Alkiz, Katja Legin and others will be presented.
The first edition of the program for the APIB group will start in May 2018 with the following schedule:
– May 4 and 5 – lecture and workshop with Bojana Kunst (Slovenia / Germany)
– May 9, May 10- lectures and workshop of Pascal Heilen (Belgium),
– June 1 – June 10 – presentations, workshop – Lidija Belle (USA), Anastasia Proshitunya (Russia), Marijana Cvetkovic (Serbia)

The foreseen activities of the program “Art, Politics, Institution, Body”, in addition to meetings, of the participants with the professionals in the field of contemporary arts, the development of discursive practices and the methodology of reflective writing in the specific field, provide the opportunity to co-curriculate a draft program of each of the students at the end of the working cycle.

Application:

– The interested participants should send CV that will show previous experience and participation of the candidate in projects in the field of contemporary arts and culture and motivation letter.
CV and motivation letter should be sent no later than 27.04.2018 at the following email address: contact@lokomotiva.org.mk
Note: The languages ​​in which the program will be conducted are Macedonian and English
Curator of the program: Biljana Tanurovska Kulavkovski
Program manager: Violeta Kachakova
Assistant curator and coordinator: Elena Risteska

More about the program you can find on the following blog:

https://artpoliticsinstitutionsbody.blogspot.mk/

The program was supported by: the Municipality of Centar, the City of Skopje, the EEPAP (East European Performing Arts Platform), the TMU and the GPS / Global Practice Sharing Program of the Trust for Mutual Understanding, the Goethe Institute in Macedonia, the EU Culture Program and Life Long Burning project.

______

macedonian>>

Отворен повик за учество во програмата „Уметност, Политика, Институиција, Тело“ /УПИТ/
Локомотива- Центар за нови иницијативи во уметноста и културата објавува отворен повик за учество на првата, од овој вид, континуирана програма насловена „Уметност, Политика, Институција, Тело“.

Повикот е отворен за млади професионалци кои сакаат теориски да се дообразуваат, да пишуваат, и/или курираат во полето на современите изведувачки уметности.
Основната цел на програмата е отварање можност на млади професионалци кон критичка рефлексија и компаративна анализа на современите уметности, и согледување на уметничите пракси и културните дејности преку призма на современиот контекст.
Гледањето и рефлектирањето на уметноста во релација со контекстот, односно другите јавни сфери, области е пристапот преку кој ќе разговараме за современите изведбени уметности, а и ќе ги разгледуваме поимите уметност, политика, институција и тело, и нивните релации.
Во современите уметнички практики можеме да видиме одредена "пропустливост", односно проширена пракса, проширено уметничко поле или интердисциплинарен пристап. Овие пракси интервенираат во неколку полиња освен традиционално формулираните уметнички дисциплини, – преку-границата-, и се допираат, среќаваат со други области како социологија, политика, критичка теорија, итн.
Оваа програма се интересира за таа „пропустливост“ на современите уметности, за релациите на едно уметничко поле или свет, со останатите јавни сфери и области, дисциплини. Овaa програмa започнува и се враќа во полето на изведбените уметности (театар, танц, перформанс), а преку интердисциплинарниот пристап проаѓа низ другите сфери и пракси.
Активностите на програмата се поделни во два сегменти, а одредени се наменети за пошироката јавност, додека работилниците се наменети само за групата УПИТ:
- теориска програма: предавања, дискусии и работилници со локaлни и интернационални теоритичари, уметници , куратори од полето на современите уметности
- изведувачка програма: претставување на драмски, танцови дела и перформанси, разговори со уметници

Гости, предавачи во програмата ќе бидат: теоретичар/к/ите, уметниците/ куратор/к/ите: Бојана Кунст (Словенија/Германија), Паскал Хиелен (Белгија), Ана Стојаноска (Македонија), Лидија Бел (САД), Анастасија Прошитунскаја (Русија), Маријана Цветковиќ (Србија), и други. 
Како дел од програмата се (ќе бидат) претставени делата на Гизела Милер, Дарко Драгичевиќ, Еста Матковиќ, Вања Смиљаниќ, Мартин Сондеркамп, Маајан Даноч, Озлем Алкиз, Катја Легин и други.
Првото издание на програмата за групата на „УПИТ“, ќе започне во Мај 2018, со следниот распоред:
- 4 и 5 мај- предавање и работилница со Бојана Кунст (Словенија/Германија)
- 9, 10 мај- предавања и работилница на Паскал Хиелен (Белгија),
- 1 јуни до 10 јуни - презентации, работилница- Лидија Бел (САД), Анастасија Прошитунскаја (Русија), Маријана Цветковиќ(Србија)
Предвидените активности на програмата „Уметност, Политика, Институција, Тело“, покрај средби, на пријавените учесници со професиналците од полето на современите уметности, развивање на дискурзивни пракси и методологија на рефлективно пишување во специфичното поле обезбедуваат можност за ко-курирање на предлог програма на секој од учениците како завршеток на работниот циклус.
Начин на пријавување :

- Заинтересираните учесници да треба да испратат CV кое ќе прикаже претходно искуство и учество на кандидатот во проекти од полето на современите уметноси и култура и мотивационо писмо.
CV и мотивационото писмо треба да се испратат најдоцна до 27.04.2018 на следната емаил адреса: contact@lokomotiva.org.mk

Напомена: Јазици на кои ќе се одвива програмата се македонски јазик и англиски јазик

Куратор на програмата: Биљана Тануровска Ќулавковски
Менаџер на програмата: Виолета Качакова
Асистент куратор и координатор: Елена Ристеска

Програмата ја поддржа: општина Центар, Град Скопје, ЕЕПАП (EEPAP – East European Performing Arts Platform), ТМУ и ГПС (GPS/Global Practice Sharing program of Movement Research with funding from the Trust for Mutual Understanding), Гете Институтот во Македонија, ЕУ програма за култура и проектот Life Long Burning.

***

Локомотива- Центар за нови иницијативи во уметноста и културата е граѓанска организација која создава нови можности за креирање, развој и делување на професионалците во полето на современата култура и уметност. Локомотива е центар кој овозможува креативна реализација на идеи и критичко промислување, која дејствува како платформа за образование и поддршка на развојот на културата и уметноста заради остварување на прогресивни социо-културни промени во заедницата.
Локомотива е ко-основач на Номад танц академија (2006), Јадро - Здружение на независната културна сцена во Македонија (2012) и Коопреатива - Регионална платформа за култура (2012), како и основач на Локомоушн- фестивал за современ танц и перформанс (2008-2015) и ПЛАТФОРМ(а) за современи изведувачки уметности (2016). Локомотива е партнер и ко-организатор во европски проект Jardin d'Europe (2008-2013) и Life Long Burning (2013-2018) поддржан од Програмата за култура на ЕУ 2007-2013. Во 2015 година заедно со Театарот на Навигаторот Цветко, Локомотива основа Кино Култура - проектен простор за современи изведувачки уметности и современа култура, со поддршка на општина Центар која одржува програми за изведувачки уметности, како и за граѓанското општество и заедницата.

Comments

Popular posts from this blog

Art Institution Politics Body/ Exhibition of Simona Mancheva and Zorica Zafirovska at Museum Gallery Kavadartsi

SCREENSAVER choreographic work by Aleksandar Georgiev in the space of MKC

Performance “Poiesis of self” by Snježana Premuš together with Rok Vevar